Американската актерка Деми Мур сеуште е во шок после смртта на момчето кое неодамна беше пронајдено мртво во базенот на нејзината куќа на Беверли Хилс. Таа повеќе не сака да живее во куќата и планира да ја продаде, пишуваат американските медиуми. Таа рекла дека повеќе не сака да стапне во таа куќа. Пред десетина дена, кога се случи несреќата, била на патување во странство.
Еден од блиските пријатели на актерката вели дека Деми смета како куќата има лоша карма и дека сака што поскоро да ја продаде. Поранешната сопруга на Брус Вилис куќата ја купи во 2003 година за осум милиони долари, недолго после венчавката со Ештон Качер од кој се раздели пред три години.