„News Everyday“ објави дека легендата во F1, Михаел Шумахер, конечно почнал да реагира, после повредата која ја имаше пред повеќе од две години. Ова е првото соопштение после неколку месеци откако Сабине Кем ја напушти својата работа како менаџер и PR на Шумахер.
Секако дека ова е добра вест после изјавата на Лука Ди Монтеѕемоло кој пред некое време рече дека опоравувањето на германскиот ас не оди според планот. Сето ова е надеж дека сепак е можно Шумахер комплетно да се опорави.
Весникот „DNA India“, објави дека Шумахер ќе биде награден со трофејот наречен “Нурбургринг Трофеј“. Тоа ќе се случи деновиве, а наградата ќе ја прими токму неговиот екс менаџер Сабине Кем.
“Ако некој ја заслужува оваа награда секако дека тоа е Мухаел Шумахер. Овој трофеј му припаѓа нему и може да му биде поттик во понатамошното опоравување“ – изјави Норберт Хауг, поранешениот директор на Мерцедес.
Исто така во чест на Шумахер ќе се оддржи и фудбалски меч кој, а ќе го организира Себастијан Фетел, сегашниот возач на Ферари. Мечот наречен “Шампионите во добротворни цели“ ќе се оддржи на Кофеј Арена на 27- ми Јули.
Во организација на Фетел, како подршка на борбата на Шумахер за опоравувуње, НБА легендата Дирк Новицки ќе ги испроба своите возачки способности пред да се оддржи Големата Награда на Германија.
OhridNews