Еден човек од околината на Париз, кој бил идентификуван само како Клод, не се сомневал дека неговата 49-годишна сопруга Мириам води двоен живот. Мириам и Клод се запознале на интернет, преку една страница за запознавање. Таа му рекла дека работи од дома како секретарка, но тој почнал да се сомнева кога таа не сакала да се пресели во неговата куќа.

Откако во нејзиниот дом пронашол скриена врата која го одвела во една тајна просторија, ја открил шокантната вистина. Во собата неговата сопруга чувала неколку компјутери и мобилни телефони преку кои комуницирала со клиентите. На компјутерите открил секси фотографии од својата сопруга. По долготрајна судска борба судот во францускиот град Ним го поништил нивниот брак.