Тренерот Кике Сетиен нема да биде единствениот кој со отказ ќе го плати неуспехот на Барселона во шпанската Ла Лига и Лигата на Шампиони. Отказ од клубот ќе добие и Ерик Абидал кој извршува функцијата спортски директор.
Барселона битката во Шпанија ја загуби од Реал Мадрид, додека вистинска бламажа доживеа во Лигата на Шампиони, каде во 1/4 финалето изгуби од Баерн Минхен со неверојатен резултат 8-2.
Работењето на Абидал, тренерот Сетиен и Ернесто Валверде и на целокупниот тим ќе остане запеметен по промашените трансфери на Осман Дембеле, Филипе Кутињо и Ентонио Гризман, за кои Барселона плати вртоглави 450 милиони евра.
Шпанските медиумите јавуваат дека Барселона ќе продолжи без спортски директор, до претседателските избори кои се закажани за март следната година.
OhridNews