Фудбалскиот клуб Амиен поднесе тужба до француската Прва лига за испаѓањето од шампионатот. Французите поради пандемијата на коронавирусот го прекинаа првенството. Го прогласија Пари Сент Жермен за шампион, а покрај Амиен од лигата испадна и Тулуз.

Мислиме дека одлуката не спортски коректна. Одлуката е казна која ја добивме од лигата. Неправедна е. Присилени сме да се бориме, мораме да одиме на суд, мораме да се обидеме да ја поништиме оваа неправедна одлука. – изјави првиот човек на клубот Бернар Жоанин.

Амиен бара лигата да ја поништи својата одлука, наредната сезона во Лига 1 да играат 22 клуба, односно да нема испаѓање, а од втората лига да влезат Лориен и Ленс.

Не ја спориме одлуката сезоната да биде прекината. Ги спориме последиците од донесените одлуки. – додаде Жоанин.

Француската Прва лига ја тужи и Лион, кој извиси во трката за учество во европските натпреварувања.

OhridNews