Чоколадни колачи со марихуана, кои биле послужени на погреб во Хантигтон Бич, предизвикале здравствени проблеми кад три лица, соопштила полицијата на тоа мало гратче во Калифорнија. Две жени од 71 година и еден маж од 82 години завршиле во болница по конзумирањето на овие колачи, кои биле послужени на погребот на еден нивни заеднички пријател.
Тие се жалеле на мачнина, вртоглавица и неможност да стојат без помош. Полицијата известила дека колачите биле послужени без предупредување дека содржат марихуана.