Менаџерот на „Сирс“ во центарот на Сиетл рекол дека некој постар човек ги вратил парите кои ги украл кон крајот на четириесеттите години и тоа со камата. Американската телевизија „Кинг ТВ“ соопштила дека човекот лично го донел ковертот адресиран до менаџерот на „Сирс“ со порака и банкнота од 100 долари. Во пораката пишувало дека човекот украл помеѓу 20 и 30 долари пред повеќе децении и дека сега сакал да врати 100 долари.
Менаџерот Гери Лорентсон оценил дека во изминативе 60 години на човекот го гризела совеста и дека поради тоа одлучил да ги врати парите. „Сирс“, која е продавница која продава преку каталог, планира парите да ги стави во хуманитарниот фонд.