Џон Еванс (46) од Велика Британија пронашол работа после цели 26 години и 300 пропаднати пријави. Тој останал без работа во 1983 година кога се затворила фабриката за челик во која работел. И покрај курсевите кои ги посетувал за да го збогати своето CV никако не можел да пронајде работа.
Сега ќе работи како помошник во дом за стари лица. Кога ја добил работата не можел да поверува. Од 300 пријави кои ги испратил му одговориле само на стотина, а кога го одбивале како најчеста причина му ја посочувале недостатокот на искуство. Го одбиле во повеќе струки, а во некои не можел да се пријави бидејќи имал епилепсија.