Ренди Луис, 43 годишен американец, испил најмалку 15 пива пред да му рече на синот да вози. Детето успеало да постигне 150 километри на час пред да изгуби контрола и да го преврти комбето на кров. Полицијата рекла дека на местото на несреќата го затекнала такото со маица со ироничен натпис „Купете му пиво на овој татко“.
Сите во несреќата поминале со полесни повреди, а против Ренди се подигнати 7 обвиненија. Децата се одведени во центар за социјална заштита.