Согласно одлуката на Регулаторната комисија, малопродажната цена на Еуросупер БС 95 поскапува за денар, со што новата цена ќе изнесува 69 денари за литар. Исто толку поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое од полноќ ќе се продава за 47,00 денари.
По 1,5 денари поскапуваат Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, кои ќе се продаваат по 71,00 ден/лит, односно 58,50 ден/лит.
За половина денар поскапува и килограм мазут, со што новата малопродажна цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 32,124 ден/кг.