Најмногу, за два денари по литар, се зголемува цената на Еуросуперот БС-95, кој од ноќеска ќе се продава за 71,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Еуросуперот БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, со што новата цена изнесува 72,50 ден/лит.
Еуродизелот (Д-Е В) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 1,00 ден/лит. Така цената на Еуродизелот (Д-Е В) изнесува 59,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,538 денари/кг, по што ќе се продава за 32,662 ден.
извор: Makfaks