Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер-95 е 60,50 ден., на Еуросупер-98 изнесува 61,50 ден., Еуросупер БС-95 ќе се продава за 62,00 ден., додека литар Еуросупер БС-98 ќе чини 63,50 денари.
Еуродизелот од полноќ ќе се продава за 48,50 денари за литар, a Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 37,00 денари.
За 1,5 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутотот.