Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат за 0,5 односно за 2 денари согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денари/литар со што цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, додека на
цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,514 денар/килограм и изнесува 41,724 ден/кг.
OhridNews