Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ бензините поскапуваат за денар и половина, а дизелот за еден денар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 69,50 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од утре ќе се продава за 57,00 ден/лит додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и изнесува 36,211 ден/кг.

OhridNews