Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, горивата од вечерва на полноќ поскашуваат за 1,5, односно 1 денар.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за денар и половина и ќе чини 59,50 ден/лит.
За еден денар поскапуваат бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) ќе се продава за 51,00 ден/лит, а Екстра лесното масло од полноќ ќе чини40,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
OhridNews