Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините и дизелот ќе поскапат за 3,5 денари.

Малопродажните цени на „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“ и „евродизел“ (Д-Е V) се зголемуваат 3,5 денари за литар и ќе изнесуваат 54 денари за „евросупер БС-95“ и 56 денари за „евросупер БС-98“.

Малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 45,5 денари за литар, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,5 денара за литар и ќе изнесува 33,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 2,026 денара и килограм ќе изнесува 18,169 денари.

Ohridnews