Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,12 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 13.04.2020 година. Одлуката е донесена согласно новата Уредба за акцизи усвоена од Владата на Република Македонија.

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 3,50 денари за литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 54,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува 34,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,983 ден/кг и ќе изнесува 19,123 ден/кг.

OhridNews

Акцизата на горивата се зголемува за 3 денари