Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, горивата ќе поскапат за еден, односно половина денар.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1 денар и со тоа новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 72 денара, а цената на „евросупер БС-98“ изнесува 74 денари за литар.

Дизелот поскапува половина денар и со тоа новата цена од полноќ ќе биде 64 денари за литар.

OhridNews