Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина, а дизелот за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 64,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 – 66,00 денари за литар.

Од полноќ Еуродизел (Д-Е V) ќе се  продава за 52,50 денари за литар, а за денар и половина поскапува и  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини  41,50 денари за литар

Поскапува и мазутот кој од утре ќе се продава по цена од 30,618  денари за килограм.

Ohridnews