Малопродажната цена на бензините, на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар.

Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница наменета за корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, новата цената на  Еуросупер БС-95 ќе изнесува  68,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70,00 денари.

Еуродизел (Д-Е В) по полноќ ќе се продава по 56,50 денари за литар, биодизелот БС Б8 – 57,50,  а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  45,50 денари

Истовремено донесена е одлука и за зголемување на цената на  мазутот М-1 НС, која  ќе изнесува   32,851 денари за килограм.

Регулаторите својата одлука ја образложуваат со зголемување на просечната цена на суровата нафта од близу четири отсто, во изминатите две недели, како и со намалување на курсот на доларот за 1,55 отсто.

OhridNews
извор: „Макфакс“