Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, поскапуваат горивата. Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, додека на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Еуросупер БС-95 ќе се продава по 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 55,50 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство 44 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 26,9 денари за килограм.

OhridNews