Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ,поскапуваат нафтените деривати.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ – 1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 69,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит , на ЕУРОДИЗЕЛ (Д -Е V) изнесува 54,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М- 1 НС се зголемува за 1,688ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС ќе биде 27,928ден/кг.
OhridNews