Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со оваа одлука цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 73 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 81,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73 денари за литар.

За 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.

OhridNews