Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 70 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е В) ќе се продава за 58 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 47 денари за литар.
Зголемувањето на цената на нафтените деривати, според Регулаторната комисија за енергетика се должи на повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на растот на курсот на денарот во однос на доларот.