Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензините се зголемува за три денари по литар, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари.
Согласно одлуката литар Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 65 денари, додека литар Еуросупер БС-98 за 67 денари.
Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V) ќе изнесува 55 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 43,50 ден/лит.
Поскапува и малопродажната цена на килограм мазут за 2,724 ден, со што новата цена на М-1 НС изнесува 26,180 ден/кг.
OhridNews