Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, за половина денар ќе се зголеми цената на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства.
Литар Еуросупер БС-95 ќе чини 63 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 65 денари. Новата цена на Еуродизел (Д-Е В) ќе изнесува 50,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинства 39 денари. Зголемување од 1,795 денари има кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС и за килограм од тој енегренс ќе се плаќа 21,883 денари.
OhridNews