Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според Одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за еден денар.
Новите цени по кои ќе се продаваат горивата се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 за 79,50 ден/лит.
- ЕУРОСУПЕР БС-98 за 81,50 ден/лит.
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 73,50 ден/лит., и
- Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе се намали за 0,426 денари и ќе изнесува 45,285 ден/кг.
OhridNews