Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се зголемуваат за еден денар.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 50,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.
OhridNews