Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, поскапува бензинот.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, односно цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР С-98 ќе биде 69,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат. Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 62,00 ден/литар.
OhridNews