Од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за денар, а дизелот и екстра лесното гориво за половина денар, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.

МБ-96, чија цена е 64,50 денари за литар ќе се продава за 65,50 денари за литар, а цената на БМБ-91 од 61 денар се зголемува на 62 денар за литар. За денар ќе поскапи и БМБ-95 и наместо за 61,50 денари ќе се продава по 62,50 денари за литар, исто како и кај БМБ-98, чија цена од 62,50 денари за литар се зголемува на 63,50 денари.

Поскапи за половина денар ќе бидат и Дизелот, чија цена од 50,50 денари за литар се зголемува на 51 денар за литар, Дизелот Е3, кој наместо по 51 денар ќе се продава по 51,50 денари и Екстра лесното гориво, чија цена се зголемува од 40 денари за литар на 40,50 денари за литар.

Малопродажните цени на мазутите се зголемуваат за 1,172 денари за килограм.