Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,5 до 2 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер и МБ-96 поскапуваат за 1,5 денари и од ноќеска ќе се продаваат по цена од 52, односно 55 денари за литар. Малопродажната цена на Еуросуперот 98 се зголемува за два денари, односно ќе изнесува 53,50.

Цената на дизел горивата останува непроменета.

Ohridnews