Цената на бензините од утре се зголемува за 1,5 денари за литар, додека дизел горивата поскапуваат за еден, односно 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 76,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе чини 63,50 денари, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за денар и ќе изнесува 52 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,070 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој ќе се продава по 35,057 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цените од РКЕ ги посочуваат за 2,57 отсто повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,84 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

OhridNews