Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари за литар, додека дизел горивата и екстра лесното масло поскапуваат за три денари. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросуперот БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека на Еуросуперот БС-98 изнесува 81,00 ден/лит.
 
Еуродизелот (Д-Е В) ќе се продава за 70,50 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 59,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,061 денари за килограм, со што новата цена изнесува 41,626 ден/кг.

Ваквата одлука регулаторите ја образложуваат со поскапувањето на цената на сировата нафтата на светските берзи за 7,89 отсто во изминатите две недели, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.

OhridNews
извор: Makfaks