Поскапувањето на струјата е неизбежно и оправдано изјави денеска македонскиот премиер, Никола Груевски. Според него струјата во Македонија ќе поскапи за околу 15 %, а не како што бара ЕЛЕМ за 40%.

Груевски во изјава за медиумите истакна дека државата две години ги покрива загубите кои се создаваат со увозот на поскапа струја. Тој посочи дека другите држави во регионот од порано ја поскапеле струјата за 40 па и 60%, а цената на струјата во Македонија подолго време е непроменета.

Премиерот најави дека државата и натаму ќе ги покрива разликите при увозот на струја која како што истакна е се поскапа и дека ќе преземе мерки за ублажување на последиците од поскапувањето на струјата во Македонија. Тој не очекува поскапувањето да предизвика нов инфлаторен бран, зошто нема да биде повисоко од 15-16%.

Ohridnews