Електричната енергија во јануари ќе поскапи за 6,36 проценти, најави Регулаторната комисија за енергетика, која конечната одлука се очекува да ја донесе наредната недела.

Најавеното зголемувањето на цената на електричната енергија се оправдува со зголемените трошоци кај енергетските компании.

Барање за поскапување на електричната енергија во 2011 година поднеле осум компании, производители за електрична енергија: ЈП Стрежево, ТЕЦ Неготино, ЕЛЕМ производство, оператори МЕПСО, ЕЛЕМ дистрибуција и снабдување, ЕЛЕМ енергетика и ЕЛЕМ енергетика дистрибуција и ЕВН снабдување.

OhridNews