Бензинот од ноќеска на полноќ ќе се продава поскапо за еден денар, додека цената на дизелот и на екстралесното се зголемува за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на МБ-96 од 68,50 ден. се зголемува на 69,50 ден. за литар, на Еуросуперот-95 од 65,50 ден. се зголемува на 66,50ден. за литар и на Еуросупер-98 од 66,50 ден. се зголемува на 67,50ден. за литар.
Цената на Дизел Е III од 59,50 ден. се зголемува на 61,50 ден. за литар, а на Екстра лесното од 48,50 ден. се зголемува на 50,50 ден. за литар.
ohridnews