Малопродажната цена на Еуросупер-98, Еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство од вечерва на полноќ се зголемува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на Еуросупер-95 и МБ-96 не се менуваат. Еуросупер-95 и натаму ќе се продава за 54,50 денари за литар, Еуросупер-98 ќе чини 56 денари за литар, МБ-96  57,50 денари за литар, Еуродизелот – 44,50 денари за литар, е екстра лесното масло ќе се продава по цена од 33,50 денари за литар.

Ohridnews