Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 92,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 90,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 100,50 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС изнесува 49,483 ден/кг.

РКЕ одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 проценти во однос на вчерашната одлука.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,317 проценти, кај дизелот намалување за 0,078 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,110 проценти и кај мазутот зголемување е за 0,802 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,444 проценти, информира РКЕ.

OhridNews