Oд полноќ се зголемува цената на горивата, додека непроменета останува само цената на дизелот одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 78,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува 70,50 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1),  ќе се продава по цена зголемена за 1,50 ден/лит., односно за 69,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,859 ден/кг, и ќе изнесува 43,844 ден/кг.

Н.С.Ј.