Од ноќеска на полноќ горивата во Македонија се продават поскапо за половина до 1,5 денари.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, најмалку, за половина денар, поскапува Еуросуперот-98, кој сега ќе се продава за 57,50 ден/лит. За еден денар поскапеа Еуросупер-95 и МБ-96, кои ќе чинат 54,50, односно 57,50 денари за литар.

Цените на дизелот и екстра лесното гориво за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари. Еуродизелот ќе чини 44,00 ден/лит, а екстра лесното масло за домаќинство 33,00 денари.

Ohridnews