Американската пошта по грешка објавила серија марки на кои се гледа реплика од статуата на слободата, но не на познатиот споменик во Њујорк, туку на статуа која краси еден од хотелите во Лас Вегас. Марките бил пуштени во промет од 1 декември 2010 година и нема да бидат повлечени, соопштила американската пошта која се извинила поради грешката.


Дневниот весник Лас Вегас Ривју прв забележал дека се работи за фотографија на репликата од статуата на слободата која од 1997 година се наоѓа во хотелското казино „Њујорк-Њујорк“. Портпаролот на поштата изјавил дека многу им се допаѓала таа поштенска марка и дека во секој случај би ја избрале таа фотографија.