Многу баран и редок сет марки „Црвен мајмун“ биле продадени на аукција во Хонг Конг за 184 илјади долари. Овие поштенски марки биле направени 1980 година, во годината на мајмунот според кинескиот хороскоп.
Во соопштението на аукциската куќа „Цирих Азија“ било наведено дека очекуваната цена за овие марки била помеѓу 141 и 154 илјади долари, но некој азиски колекционер ги купил за рекордни 184 илјади долари. Оваа продажба го соборила претходниот светски рекорд кога сличен сет поштенски марки бил продаден за 154 илјади долари.