Белгиската пошта следниот месец ќе издаде специјална марка која ќе ги израдува сите љубители на чоколадото. Официјалните лица од поштата изјавиле дека во лепакот додале вкус на чоколадо кој може да се почуствува која ќе ја лижнете марката пред да ја ставите на ковертот. Мирис на чоколадо има и на самата марка на која се наоѓаат слики од овој десерт во разни негови облици.

Претставникот на поштата објаснил дека не било лесно да се добие вистинскиот мирис и вкус на црното чоколадо. На тоа работеле експерти од Белгија, Германија, Холандија и Швајцарија. Серијата од пет поштенски марки, наменети за меѓународен сообраќај, ќе чинат по 6,20 евра кога на 25 март ќе бидат пуштени во промет.