Ретка сицилијанска поштенска марка била продадена за 2,6 милиони долари на аукција во Швајцарија. Добро сочуваната марка со грешка од 1859 година била продадена во четвртокот, по пат на интернет продажба на неименуван купувач од САД.
Марката на која има слика од кралот Фердинанд Втори е позната по тоа што има грешка во бојата, бидејќи по грешка била обоена во сина наместо во портокалова боја. Тоа е втора најскапа поштенска марка на светот по онаа од Шведска која беше продадена за повеќе од 3,3 милиони американски долари.