Била прогласена за најскапа на светот. Го менувала сопственикот неколку пати, а наскоро повторно ќе биде ставена на аукција во Женева и се проценува дека ќе достигне цена од 6 милиони долари. Марката датира од 1885 година, а преживеала благодарение на едно момче кое тогаш ја извадило од канта за ѓубре, бидејќи едноставно му се допаднала.
Се воспоставило дека таа уште тогаш имала голема вредност, бидејќи по грешка била испечатена во жолта боја, иако целата серија на која и припаѓала била печатена со сина боја. Момчето за неа добило седум круни. Бидејќи е единствената сочувана од таа серија, цената од година во година и растела. Сегашниот сопственик ја купил пред 14 години за два милиони евра.