Жителите на улицата „Penfield Grove“ во Братфорд нема да добиваат пошта се додека неименуваната фамилија не превземе мерки кон агресивниот пит Бул кој наводно ги напаѓал поштарите.

„Не е фер. Мојот син нема да добие честитки за роденден. Ние работиме и немаме време да одиме до поштенската дирекцијата, а и како ќе го прават тоа постарите луѓе?“ – се запрашува Дона Даглас.


Сопствениците на агресивното куче признале дека дека имало инциденти и тврдат дека ќе се погрижат за тоа. Тврдат дека кучето само си играло со поштарите, а тие од мравка прават слон.

„Се извинуваме на сите жители на улицата. Правиме се за да го решиме проблемот. Но, ако поштарот се чувствува загрозен има право да не ја достави поштата. Се надеваме дека поштарите набрзо ќе почнат да ја доставуваат поштата.“ – рекол портпаролот на поштата.