Германските поштари започнаа да одат кај психолози за животни. Поштарите учат како да се однесуваат во близина на кучиња и како да размислуваат на начин што помалку да ги предизвикуваат кучињата.
Службените податоци од поштата покажуваат дека бројот на напади врз поштарите се намалил за 80 проценти откако започнала да се спроведува програмата во Минхен. Поштарите со себе носат колачиња за кучиња и солзавци за да можат да дадат награда или да се одбранат.
– Многу сме задоволни што се намали бројот на повредени поштари, но и кучиња – вели портпаролот на германски пошти.