Вработените во британската кралска пошта добиле направа која испушта воздух под висок притисок и звук која би требало да ги преплаши кучињата кои напаѓаат поштари. Минатата година секоја седмица кучињата напаѓале 92 поштари и управата одлучила да им даде средство и упатство за самоодбрана.
Помеѓу останатото во упатството стои и тоа дека торбата треба да ја стават помеѓу себе и животното, полека да се повлечат и да не трчаат бидејќи во таква ситуација животните стануваат поагресивни. Исто така не смеат да ги гледаат кучињата во очи. До сега поштарите се бранеле од кучињата со помош на солзавец.