Во Аргентина е уапсен човек кој шест месеци работел како поштар, а во неговиот стан биле пронајдени повеќе од 7000 писма која никогаш не биле испорачани, соопштила полицијата. Поштарот од покраината Кордоба задржал разни пратки, од разгледници до службени писма, наместо да ги испорача во градот Ембалсе кој има 15 илјади жители. Полицијата писмата ги пронашла сосем случајно, кога го претресувала станот на поштарот поради пријава за кражба на електричен материјал.

 

Пронашле вреќи со писма од кои повеќето не биле ни отворени. Крадецот на писмата најверојатно ќе се најде на суд поради кршење на тајната во кореспонденцијата. Комесарот Даниел Флорес за локалните медиуми рекол дека не е познато зошто го правел тоа.