СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(50) од село Подмоље-Охридско, поранешен водител на пошта, АД „Македонска Пошта“ во село Требеништа за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа.

Во март и мај 2008 година, пријавениот во три наврати пополнил налози за исплата на готовина од штедната книшка на лице од село Требеништа во износ од 265.800 денари, се потпишал во негово име и парите противправно ги присвоил, без да ги внесе исплатите во штедната книшка.

извор:МВР

Ohridnews